Mолитвено испраќање на Старата и пречек на Новата година

Испраќањето на Старата година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе започне во 22:30 пред Пресветиот олтарски сакрамент со песни и молитви. Пречекот на Новата 2023 година ќе започне со прослава на Света миса која ќе завши половина час по полноќ по што во црковната сала ќе имаме имаме прилика да се почастиме со она што секој ќе го донесе за да го сподели со останатите. Добредојдени сте сите!

Божик во Скопје

Ова е распоредот на Свети миси за Бадник и Божик во Скопје:

БАДНИК ВО КАТЕДРАЛАТА ПРЕСВЕТО СРЦЕ ИСУСОВО

21 часот – Полноќна миса која ќе ја предводи НВП монс. д-р Киро Стојанов

00 часот – Тивка Полноќна Света миса

БОЖИК ВО КАТЕДРАЛАТА ПРЕСВЕТО СРЦЕ ИСУСОВО

10:30 – Свечена Божикна Света миса која ќе ја предводи НВП монс. д-р Киро Стојанов

12:00 – Света миса на англиски јазик

18:00 – Вечерна Света Миса

БОЖИК ВО КАПЕЛАТА СВЕТИ ЈОСИФ НА БИТ ПАЗАР

08:30 – Света миса

Света исповед пред Божик

16 декември 2022 – Посета на старите и болните во нашата парохија

Света исповед пред Божик

20 декември (вторник)

10 до 12 часот и од 16 до 18 часот – исповед за верници

од 16 часот – исповед за монахињи

21 декември (среда)

10 до 12 часот и од 16 до 18 часот – исповед за верници