IMGP0678-min

По земјотресот во 1963 година, скопската католичка заедница останала без простори за богослужби. Благодарение на грижата на тогашниот скопски бискуп монс. Јоаким Хербут, биле обезбедени три бараки: една како литургиски простор, втората како парохиски стан и третата како стан за чесните сестри. Изградбата на катедралата е завршена во релативно краток период, но сепак многу верници се навикнале да одат на св. Литургии токму во оваа капела. 

И денес таму се слави света Миса секоја недела во 08:30 чаcoт и св. Литургија по источен католички обред во 10:30 часот. Капелата е посветена на св. Јосиф.