Тридневница по повод празникот Пресвето Срце Исусово

Тридневницата по повод патрониот празник Пресвето Срце Исусово започнува на 8 јуни и ќе трае до 10 јуни. Светите миси овие денови ќе бидат како и вообичаено, со почеток во 18 часот.

На 11 јуни 2021, на празникот Пресветото Срце Исусово распоредот на Свети миси ќе биде во 10:30 и во 18 часот. Централната свечена Евхаристиска прослава ќе биде во 18 часот и ќе ја предводи НВП монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.