IMG-68f7ec189b9f73e64eab0b5319032290-V-min

Редот на сестрите Евхаристинки е ред кој се создал во Македонија. Основачи се братот и сестрата Јосиф и Еврозија Алоати од Италија. Заедницата е основана на 21 април 1889 година во Солун.

Главната харизма на заедницата е запознавање на Христос во Пресветата евхаристија, молитва за единство на Христовата Црква особено меѓу источните народи, христијанско воспитување на деца и млади и помош во парохискиот пасторал.

Заедницата во Скопје е основана во 1973 година и служи како провинцијална куќа во која се сместени кандидатура, постулатура и новицијат. Сестрите Евхаристинки во нашата парохија се вклучени во пасторалниот живот и во работата на Каритас.