Патер Винко Маслаќ е новиот парох на Скопската парохија

Денес на 4 септември 2022, патер Винко Маслаќ е воведен во службата парох на скопската парохија, а на службата парохиски помошник е поставен патер Маријан Бешлиќ. И двајцата се припадници на монашката заедница Дружба на Исусовците.

Скопскиот парох дон Паво Шеќерија се збогува со своите парохијани

Во неделата на 4 септември 2022, по двегодишната служба во Скопската парохија, дон Паво Шеќерија се збогува од своите парохијани. Му благодариме за неговата пожртвуваност и великодушното служење во Скопје, Битола и Прилеп како и во Македонскиот Каритас!