Испраќањето на Старата година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе започне во 22:30 пред Пресветиот олтарски сакрамент со песни и молитви. Пречекот на Новата 2023 година ќе започне со прослава на Света миса која ќе завши половина час по полноќ по што во црковната сала ќе имаме имаме прилика да се почастиме со она што секој ќе го донесе за да го сподели со останатите. Добредојдени сте сите!