Крштевањето е прва, основна, темелна Света тајна на Црквата. Христос ни ја понудил на сите нам за да имаме вечен живот. Крштевањето е Светата тајна на верата. Крштевањето ни го дарува Исус Христос, за преку него да нѐ посвети и вклучи во својата Црква. Рекол: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух!“ (Матеј 28, 19): Преку оваа Света тајна Исус нѐ чисти од гревовите - источниот и личните. Со крштевањето човекот станува ново создание, повторно родено од вода и Свет Дух и преку него се вградуваме во кралското свештенство и стануваме народ на Бога и членови на неговата Црква. Оваа Света тајна е почеток на животното чекорење на човекот кон вечното соединување со Бог во љубовта, во небото. Крштевањето е темел и врата на останатите Свети тајни и милости кои ги добиваме преку нив. 

Крштевање на дете

Потребно е:

• крштевањето да се најави месец дена претходно во парохиската канцеларија; 

• извод од матична книга на родените за дете (копија);

• потврда за кумство (кумот/кумата ги добива во својата парохија каде живее);

• да се подготви свеќа и бела облека. 

Крштевање на возрасни

Возрасни личности се вклучуваат во подготовката за крштевање на возразни - кога ги добиваат сите Свети тајни на иницијацијата (крштевање, света потврда и причест). Црквата не дозволува примање на Светата тајна иницијација без претходна подготовка. Затоа, треба да се јави во парохиската канцеларија.