motherteresa-min

Бидејќи нашата парохиска заедница ја изнедри големата светица Мајка Тереза, есента на 5-ти септември 2015 година започнавме со заветен ден на св. Мајка Тереза.

Така, секој 5-ти во месецот како заедница се собираме во 18 часот на Евхаристиско славење, потоа следува обожавање на Исус во Пресветиот Олтарски Сакрамент и честење на моштите/реликвијата на светицата, сѐ со цел да молиме за заговор на св. Мајка Тереза во нашиот живот. 

IMG_5922-min

По повод канонизацијата на Мајка Тереза во Ватикан на 4 септември 2016 год., со одлука на бискупот Киро Стојанов ја реализиравме татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од 5 до 11 септември истата година, чија содржина се состоеше од духовни и културни настани. Централниот настан на тие денови беше благодарствената евхаристиска прослава за канонизацијатта на нашата сограѓанка (11.09.2016), предводена од делегатотот на Светиот отец, метрополитот за Скопската бискупија, Сараевскиот надбискуп Н.Е. Винко кардинал Пулиќ. Свечената евхаристиска прослава се одржа на централниот плоштад „Македонија“, во близина на родната куќа на Мајка Тереза. 

IMG_5881-min

Од тогаш, во нашата парохија, од 3 до 5 септември продолжуваме со духовно-културната манифестација „Денови на св. Мајка Тереза“, а централниот настан секогаш е литургиската прослава на 5-ти септември. 

Во чест на канонизацијата на Мајка Тереза и прославата во Скопје, нашите златари - кујунџии изработија реликвијар за реликвиите/моштите на св. Мајка Тереза.