Се нарекува и Света тајна на преобразбата, покајувањето и помирувањето. Света тајна на преобрзабата, затоа што светотаинствено го остварува Исусовиот повик на преобразба; Света тајна на покајувањето затоа што го посветува личниот заеднички пат на преобразба и каење на христијаните; Света тајна на помирувањето затоа што признавањето или исповедта на гревовите пред свештеникот е важен елемент на оваа Света тајна; Света тајна на простувањето, затоа што преку свештеничкото светотаинствено отпуштање, Бог му дава на покорникот „простување и мир“ и љубов од Бога кој простува.

Составена е од неколку делови:

Поздрав и свештенички благослов;
Исповед со признавање и искажување на гревовите пред свештеникот;
Прифаќање на покајувањето;
Свештеничко простување;
Искажување на пофалба и благодарност кон Бога;
Отпуштање со свештенички благослов.

Библиско втемелување

Католичката Црква библискиот темел на Светата тајна исповед ја наоѓа во Исусовата моќ на отпуштање на гревовите (пр. Евангелие по Марко 2,10; 2,5; Евангелие по Лука 7, 48), како и посланието кое тој го предал на своите ученици кога им рекол: „Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам - На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.” (Иван 20,21.23) Учеството на апостолите во Исусовата моќ на простување на гревовите се изведува од Исусовите зборови кон Петар: „И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.” (Матеј 16,19). Затоа Католичката црква смета дека помирувањето со Црквата не може да се одвои од помирувањето со Бог.

 

Обред на помирувањето и службеници на Светата тајна


Католичката и Православната црква веруваат дека тој чин на помирување се случува преку верата која видливо ја означуваат Светите тајни на крштевањето и помирувањето (исповедта), при што е значајна улогата на свештеникот како претставник на црквата. Тие две цркви имено, веруваат дека во Светата тајна на помирувањето или исповедта се случува помирување со Бог и помирување со црквата.

Светата тајна на исповедта во католичкото учење се состои од два значанји елементи. Еден од нив претставува делото на човекот кој преку делувањето на Светиот дух се преобразува. Тоа вклучува жалење за гревот, исповед и покајување. Друг елемет претставува Божјото делување преку зафатот на црквата која преку бискупот и неговите презвитери во име на Исус Христос даваат простување на гревовите и одредуваат начин на покора. Грешникот е така излечен и повторно вратен во црковното заедништво.

Обврзувавње за тајност на исповедта


Црквата изјавува дека секој свештеник кој прима исповед е обврзан, под закана за најстроги казни (екскомуникација), да се придржува до тајната за гревовите кои покорникот му ги исповедал. Не му е дозволено да зборува ни за она што во исповедта дознал за животот на покорникот. Забрането е какво било снимање или некое друго пренесување на содржината на исповедта. Исповедната тајна, која не дозволува исклучоци, се нарекува „светотаинствен печат“, затоа што она што покорникот му го признал на свештеникот останува „запечатено“ во Светата тајна. Исповедната тајна ги обврзува и сите верници кои би можеле да се најдат во ситуација да слушнат туѓа исповед.

Смисла и делување на светата тајна


Смислата и делувањето на оваа Света тајна е, помирување со Бог. Оние кои примаат покајание, со раскаено срце и со религиозно расположение, постигнуваат „мир и спокој на совеста заедно со силна духовна утеха“. Светата тајна на помирување со Бог носи вистинско „духовно воскресение“, го враќа достоинството и добриот живот на децата Божји, од кое а најдрагоцено Божјото пријателство. Тие кои пристапуваат на покајание примаат од Божјото милосрдие простување за навредите кон Бог и воедно се помируваат со Црквата. Покорникот на кому му е простено се помирува самиот со себе во најинтимните длабочини на своето битие, каде за возврат ја добива сопствената внатрешна вистина: се помирува со луѓето кои на некој начин ги навредил и ги ранил; се помирува со Црквата; се помирува со целата вселена. На тој начин исповедта не го оздравува само грешникот, туку оздравувајќи го него, го оздравува и целото тело на црквата.

twinsfisch-asEF6J0LZ44-unsplash-min

Задачи на верникот за време на исповедта

Каењето е на прво место. Тоа е „болка на душата и осуда за сторениот грев со одлука повеќе да не се греши.“ Признавање на гревовите пред свештеникот е важен дел на Светата тајна на покората: „Покорниците мораат во исповета да ги набројат сите смртни гревови за кои се свесни по што темелно се испитале, дури и ако станува збор за најмали гревови и сторени само против двете последни Десет Божји заповеди, затоа што понекогаш тие гревови потешко ја рануваат душата и се поопасни од оние кои се прават јавно“. Кога Христовите верници настојуваат да ги исповедаат сите гревови на кои се сеќаваат, сите без сомнение се изложуваат на Божјото милосрдие за да им ги прости. Напротив, оние кои прават поинаку и свесно кријат некој грев, не и предлагаат на Божјата добрина ништо од што свештеникот би можел да им прости. Затоа што „ако болниот се срами да му ја открие раната на лекарот, тој не може да го лечи затоа што не ја знае.“ Според црковната заповед, „секој верник кој дошол до зрела восраст треба да се исповеда, најмалку еднаш годишно, да ги исповеда тешките гревови за кои е свесен. „Кој е свесен дека направил еден смртен грев, не смее да прими Света причест, па дури и да чувствува големо каење, а претходно да не примил светотаинствено одрекување.“

Многу гревови му нанесуваат штета на ближниот. Треба да се направи што е можно повеќе за штетата да се надомести (пр. да се вратат украдените предмети, да се подобри добриот глас на озборуваниот, да се излечат раните). Тоа е барање на обична праведност. Освен тоа, гревот ранува и го слабее самиот грешник, како и неговите односи со Бог и со ближниот. Отпуштањето го брише гревот, но не ги поправа сите нереди кои гревот ги предизвикал. Грешникот, откако е растеретен од гревот, треба повторно да стекне целосно духовно здравје. Мора да направи нешто повеќе за да се поправи сопствената вина, на прикладен начин треба да се раскајат поствените гревови.

josh-applegate-bg9994qJTmY-unsplash-min