80452148_2899008173466470_5075633612716507136_n-min

Во старата скопска катедрала која е изградена во 1902 година, а срушена во земјотресот 1963 година, постоел хор. Тоа ни го кажува и света Мајка Тереза која и самата пеела во тој хор. Историјата ни сведочи дека важен придонес во развојот на катедралниот хор дале сестрите од Светиот Крст кои сè до 2000 година го воделе хорот: с. Емануела, с. Цецилија и с. Натанаела. Потоа еден период хорот го водела г-ца Милица Ѓекиќ. За време на с. Натанаела Палиќ, а благодарение на монс. Антун Циримотиќ, во катедралниот хор како оргулист се вклучува и проф. Марија Докузова која и денес активно делува во катедралниот хор. На молба на тогашниот катедрален парох дон Никола Чибариќ, хорот го презема с. Татјана Атанасова, сестра од редот на Евхаристинките, која и денес го води хорот.

Катедралниот хор редовно го дава својот придонес со пеењето на неделните литургиски славења како и на свечените миси за празниците. Хорот брои околу дваесет редовни членови, кои доаѓаат на проби двапати неделно: секоја среда и сабота во 19:00 часот.