Ministranti-foto-min

Министрантот е повикан во својата парохија да служи со одредена задача, како што и означува самиот збор. Имено, латинскиот збор ministrare значи служење. Министрантот е дел од Богослужбата, а Богослужбата е посебна прослава во чест на Господ Бог. Да се биде во посебна близина на Бог не е само посебна чест туку уште повеќе и одговорност. Сите големи луѓе во историјата на спасението, како што се пророците и светците, својата служба ја сфаќале како големо служење. 

MDE_3170-min