IMG-c5aa4045d5e8588235dcd0db00218303-V

За катедралната сакристија

Сакристија (lat. sacer - "свет", s lat. sacristia) е споредна црковна просторија, во која се чува сѐ што е потребно за Светата литургија, како литургиската облека и сакралните предмети. Сакристијата посебно служи како место каде клериците и министрантите се подготвуваат пред и по богослужбата.

Сакристанска служба

За сакристијата обично се грижи лаик, личност која ја нарекуваме сакристан, а кој помага во црквата како и во другите работи. Во пошироко значење, таа личност под водство на парохот, се грижи за сѐ што се однесува на црквата. Поради важноста на таа служба денес таа личност може да ја сметаме и за таканаречен 'парохиски асистент' бидејќи секогаш му помага на парохот, почнувајќи од прва и често најважните информации за сѐ што се однесува на верскиот живот и славења. Некаде таа служба ја вршат чесните сестри, а во најчест случај верници лаици.