MDE_1945-min

Посебно место во нашата парохија заземаат сестрите Мисионерки на љубовта затоа што ги основала нашата сограѓанка света Мајка Тереза и тоа на 7 октомври 1950 година. Нивната главна харизма е служењето на најсиромашните меѓу сиромашните. Св. Мајка Тереза на 19 септември 1986 година, кога по четврти пат го посети својот роден град Скопје обезбеди за своите сестри куќа и од тогаш Мисионерките на љубовта делуваат во нашиот град и парохија. Нивната активност денес во парохијата е воспитување на деца,  катехеза, а посебно се грижат за сиромашните, носејќи им храна.