Кјара

На 7. декември 1943 година во Тренто (Италија), е создадено Движењето на фоколарите. Неговата основателка Кјара Лубик, имала дваесет и три години, кога на тој ден му се посветила на Бога. Тогаш таа била сама. Било невозможно да се замисли со какви плодови ќе вроди таа венчавка со Бога. Денес милиони луѓе од различни возрасти, припадници на различни општествени групи, јазици, раси и уверувања, во 182 држави од светот настојуваат пожртвувано да градат ново братство и така да придонесат за изградба на единство во човечкото семејство, кое е измачено со насилство, поделби, општествени и културни нееднаквости.

Духовност

Основа на овој живот е постојаната меѓусебна љубов, која овозможува единство и присуство на Исус во заедницата. Духовноста е длабоко вкоренета во Евангелието и се темели на 12 клучни точки:

  • Бог е љубов – на Него да му се даде прво место;
  • Да се прифати волјата Божја;
  • Да се љубат, сакаат ближните;
  • Да се љубиме, сакаме меѓусебно, како што Исус го љуби секого од нас;
  • Да се биде едно, како што е Пресветото Тројство;
  • Да се живее за постојана Христова присутност во заедницата;
  • Да се чекори кон единство по патот на Исусовиот крик на напуштеност од Отецот на крстот;
  • Да се пишува Евангелието со сопствениот живот;
  • Да се биде едно со Христовото тело во Пресветата Евхаристија;
  • Да се следи патот на Марија, првата христијанка;
  • Насекаде да се биде жива Црква;
  • Да се живее во Божја атмосфера на Светиот Дух и постојано да се слуша Неговиот глас.

Структука на заедницата

И покрај тоа што сите ја живеат истата духовност, поради разновидноста на лицата кои го сочинуваат – млади, возрасни, деца, семејства и свештеници, монаси и монахињи, дури и бискупи – Движењето е поделено во 27 ограноци, помеѓу кои и неколку движења кои имаат широк спектар на делување:

  • различни подрачја на општеството, преку движењето на Ново човештво, кое конкретно се залага да го внесе духот на љубовта во сите пори на општеството;
  • светот на семејствата, со движењето на Нови семејства кое со својот живот и активности насојува да одговори на ударите и траумите кои ја погаѓаат оваа темелна клетка на општеството;
  • младите и децата со движењето на Млади за обединет свет и Деца за единство, кои на младите им предлагаат радикален живот на Евагелието како одговор на нивните најдлабоки стремежи;
  • светот на Црквата со движењето на Свештениците, движењето на Парохиите и движењето на Монашките заедници, кои преку својата вокација ги повикува да дадат придонес на единството за кое Исус молеше пред својата смрт: „Да бидат сите едно“;
  • политиката преку Движењето за единство.

Во центарот на Движењето се фоколарите (женски и машки заедници), мали заедници со нов стил, кои ги сочинуваат лаици кои се потполно дарувани на Бога. На нив им припаѓаат и венчани лаици, кои се исто така посветени на Бога во согласност со својата вокација.

Заедницата во нашата парохија

Заедницата на Фоколарите (Делото на Марија) во нашата парохија се состанува на средбите Слово за живот. Членовите на заедницата периодично организираат отворени средби – посебно за Божиќ за смејствата со деца. Повеќе пати во годината се учествува на духовни програми во Центарот на Движењето на фоколари во Хрватска, каде што се одржуваат и средби различни возрасни групи, но и во Италија; како и годишната средба „Маријаполи“ која се одржува во Македонија.