10294335_10202549741319194_5239920921721194689_n-min

Целта на овие неделни средби е дружење, меѓусебно запознавање, молитва и разговор за актуелни животни теми. Во центарот на средбите е секогаш Исус Христос. Секој месец две средби се посветени на разработка на актуелни теми кои младите ги обработуваат по групи, а потоа ги изнесуваат своите мислења. Потоа, кога ќе изразат што за одредена тема вели светот и што мисли секој од нив, водителот низ разговор со нив открива што е тоа што вели Христос и неговата Црква. Средбите завршуваат со читање од Светото Писмо, песна, дружење, играње пинг-понг. Една од месечните средби е посветена на гледање филм со христијанска тематика, а на крај на филмот младите разговараат за пораката на филмот.

57107316_10214840319415651_6438813892679303168_n

За време на Велигденскиот пост младите организираат Крстен пат на планината Водно, а во текот на целоата година организираат излети за млади.

Исто така, младите кои доаѓаат на овие средби редовно учествуваат на летни кампови во Македонија, а учествуваат и на различни светски средби (како на пример Светскиот ден на младите со Папата и други), и на тој начин ја претставуваат Црквата во Македонија.