Медиумската група учествува во осмислување на парохискиот информатор и содржините на веб-страница, ја дизајнира и ажурира парохиската веб-страница, ги дизајнира парохиските информатори и плакати и пишува статии преку кои ги известува медиумите за важните настани во парохијата. Настојува да ги користи современите средства за општествена комуникација и технологија на вистински начин во парохијата - за ширење на Божјото слово како и патиштата за нова евангелизаца како што вели и документот Inter mirifica: христијаните мораат почесто да ги користат комуникациските средства кои се нудат за да ги исполнат во христијански Дух и на тој начин да евангелизираат луѓе.

Медиумската секција е основана во 2010 година кога е аматерски отворен пасторалниот веб портал. Сепак во своето време заврши голема задача. Првата официјална парохиска веб-страница е отворена март 2020 год. благодарение на брачниот пар Ена и Филип Чаусидис.