Втора годишнина од посетата на папата Франциск на нашата земја

Во календарот на нашата историја 7 мај 2019 година ќе остане забележан како значаен датум за нашата црква и за нашата земја. Тогаш се случи првата посета на еден папа на нашата земја. Па така, на втората годишнина од Апостолската посета на папата Франциск во катедралата „Пресвето Срце Исусово” со почеток во 18 часот, ќе се одржи благодарствена Света миса која ќе ја предводи НВП монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко скопски епарх.

Скопската катедрала ќе биде отворена за целодневна адорација пред Пресветатат олтарска тајна.

Преку онлајн Зум конференција со почеток во 16:30 часот, ќе се присетиме и на екуменската и меѓурелигиска средба на папата Франциск со младите. Директниот пренос ќе можете да го следите на You tube каналот на Фоколари Скопје

Распоред на побожности и Свети миси за Страсната седмица

Велика среда

18:00 Света миса (катедрала)

Велики четврток

10:30 Света миса со посвета на маслото (катедрала)

18:00 Света миса вечера Господова (катедрала)

Велики петок

17:30 Крстен пат (катедрала)

18:00 Обреди на страданието Христово (катедрала)

Велика сабота

19:00 Воскресно бдение (катедрала)

Недела на воскресението Господово

10:30 Свечена света миса (катедрала)

12:00 Света миса на англиски јазик (катедрала)

18:00 Света миса (катедрала)

Понеделник – Велигден

10:30 Света миса (катедрала)

18:00 Света миса (катедрала)

Прослава на патрониот празник на капелата Св. Јосиф

На 17 март 2021 во 15 часот ќе се молат Света бројаница и литании на св. Јосиф, по што ќе следи Света миса која ќе ја предводи о. Маријан Ристов.

На 19 март 2021 на празникот Св. Јосиф ќе се одржи Света миса во 10:30 часот која ќе ја предводи НВП Монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – Скопски епарх.

Онлајн молитвена средба по повод Молитвената осмина за единство на христијаните

Драги верници, овогодинешното одбележување на Молитвената осмина за единство на христијаните ќе се одржи онлајн.


Во сабота на 23 јануари 2021 со почеток во 16 часот, ве повикуваме да се приклучите на Зум, каде сите заедно ќе се поврземе во молитва.
Приклучете се преку следниот линк
https://us02web.zoom.us/j/87502334848…

Или внесете го кодот: (Meeting ID): 875 0233 4848

со лозинка (Passcode): 347937

Распоред на Свети миси за време на Божиќниот период

Божиќ 25.12.2020

10:30 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“
18:00 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“

Свети Стефан Првомаченик 26.12.2020

10:30 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“
18:00 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“

Свето Семејство 27.12.2020

10:30 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“
18:00 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“

Божиќната Света миса во катедралата ќе започне во 18 часот

Драги верници, заради вонредната ситуација со пандемијата, полноќната Света миса во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ оваа Божиќна вечер (24.12.2020) ќе се одржи во 18 часот.

Во дворот на црквата ќе имаме обезбедено и видео бим со озвучување за верниците кои ќе бидат во дворот да бидат во можност да ја следат свечената Света миса.

На Божиќ (25.12.2020) распоредот на Светите миси е следниот:

10:30 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“
18:00 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“


Со почитување на мерките за заштита, одговорно и радосно да го дочекаме Христовото раѓање!

Монсињор Антун Циримотиќ замина во вечноста

Драги верници, со длабока тага ве информираме дека по долго и тешко боледување денес замина во вечноста монсињор Антун Циримотиќ. Погребот ќе се одржи утре, четврток 29 октомври 2020, на гробиштата „Бутел“ во 12 часот.

Монсињор Циримотиќ е по потекло од Јањево (Косово), роден е на 1 април 1937 година од татко Јосип и мајка Драгица. Ова семејство на Бог и на Црквата му дарува два сина свештеници, Лука и Антун.

По завршувањето на основното училиште во 1950 година во родното место, заминува во семинаријата во Пазин, а потоа на Богословија во Загреб. За свештеник е ракоположен на 4 јули 1965 година од бискупот Смиљан Фрањо Чекада. Набргу после ракополагањето му е доверена службата управител на парохијата Зјум, покрај Призрен. Тука го учи и албанскиот јазик. По желба на верниците и со нивна помош ја гради филијалната црква која е посветена на света Ана.

Во 1969 година е именуван за консултор и нотар на Женидбениот суд. Во октомври 1970 година бискупот Јоаким Хербут го именува за негов личен секретар. Покрај обврските во ординаријатот доверена му е и грижата за градба на катедралата и пасторалниот центар во Скопје.

Од есента 1983 до летото 2002 година ја врши службата ректор на бискупската семинарија во Скопје како и професор, а од март 1984 година до декември 1993 година управува и со катедралната парохија во Скопје.

Во 1986 година папата Иван Павле II го именува за негов капелан – монсињор. Во 1991 година е именуван за директор на Македонски Каритас и таа служба ја извршува до ноември 2017 година. Истовремено се грижи и за изградба на пасторалниот центар во Охрид. Од ноември 2005 до 2017 година  ја извршува службата генерален викар на Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат. Од страна на бискупот Киро Стојанов му е доверена грижата за медиуми и односи со јавност, како и за меѓурелигискиот дијалог. Од страна на бискупот Стојанов е именуван за директор на Радио Марија на 31 јули 2013 година, служба која ја извршува до 29 октомври 2017 година. Беше долгогодишен духовник на сестрите Евхаристинки, а својот златен свештенички јубилеј го прослави на 13 јуни 2015.

По повод доаѓањето на папата Франциск во Скопје на 7 мај 2019 година во катедралата Пресвето Срце Исусово во придружба на бискупот Стојанов папата Фрањо пристапи до монс. Циримотиќ бакнувајќи му рака и со тој гест искажа почит за неговата свештеничка пожртвуваност и активност.

Една седмица пред својата смрт монс. Циримотиќ беше во Клиничкиот центар „Мајка Тереза “ во Скопје. Црквата во Македонија предводена од бискупот Стојанов се благодарни за неговиот живот и дело и ги упатуваат своите молитви до Господ да го прими во своето Царство.

Погребниот обред ќе биде во четврток 29 октомври 2020 година во 12.00 часот на градските гробишта Бутел во Скопје, а задушната света Литургија ќе се служи истиот ден во Скопската катедрала во 18.00 часот.

Господ Бог нека го прими во вечното почивалиште, таму каде што почиваат душите на праведните. Вечен спомен.

/преземено од к.мк

Замина во вечноста сестра Татјана Атанасова

На 21 октомври 2020 година по кратко боледување почина сестра Татјана Атанасова, чесна сестра од редот на сестрите Евхаристинки.

Таа беше долгогодишна диригентка на катедралниот хор „Пресвето Срце Исусово“ при католичката катедрала во Скопје. Предводен од неа, хорот ги збогатуваше секојдневните и свечените Свети миси во катедралата, одржуваше концерти, а беше дел и од Светата миса на плоштадот „Македонија“ по повод Апостолската посета на папата Франциск на нашата земја.

Преведуваше текстови и книги посветени на ликот и делото на отец Јосиф и сестра Еврозија Алоати, основачи на редот на сестрите Евхаристинки. Последните години беше гласник на евангелието преку социјалните мрежи.