На 19 јуни 2020, на празникот „Пресвето Срце Исусово“ заштитник на Скопската бискупија и Kатедралната парохија во Скопје свечената евхаристиска прослава ја предводеше Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – скопски, монс. д-р Киро Стојанов.
Исто така за време на светата миса бискупот Стојанов го благослови елејот које се користи за елеопомазание на болните како и миро које се користи за крштење, миропомазание, свештеничко ракопологање и за осветување на нови цркви.
Во својата хомилија бискупот рече: „Драги браќа и сестри, Побожноста кон Пресветото Срце Исусово за нас овде присутни и за голем број верници е една многу убава, корисна и спасоносна побожност. Празнувањето на оваа Таинството – Срце Исусово не води до самиот центар на економијата на спасението и до најдлабоката и најинтимна средба со Бога. Денес со вас би сакал најмногу да размислувам за тоа што апостол Иван пишува во своето прво послание, а кое пред малку го слушнавме. Во целото св. Писмо на Стариот и Новиот завет има само две места каде се прави обид да се изрази со човечки зборови Божјата бит.„
„Првото читање од книгата на Второзаконие или петта книга Мојсеева не потсетува на Божјата верност што се грижи за својот народ, го води, помага и брани, одржува Сојуз со Него само затоа што е верен на себе. Голема вистина за нас над која треба да се замислиме: ние во својата мала слобода можеме да бидеме неверни на Бога, можеме за жал да го напуштиме Бога, но Тој нас не може бидејќи не може да се одрече од својата Божествена верност – Тој останува верен. На тоа сознание далеку подлабоко ја темели св. Иван својата порака во оваа послание. Најнапред тој верноста на Божјата љубов ја гледа во тоа што Бог, тоа што не сме го заслужиле, ни го испрати својот Единороден Син и заклучува да во тоа е љубов, не дека ние сме го љубеле Бога туку дека Тој не љубеше нас и го испрати својот Син како помирител на нашите гревови. Значи, пред да ние воопшто можевме Бога да го љубиме Тој не љубеше нас. Од тоа следи дека Бог не може да има во себе никаква друга причина за повикување на човекот во живот освен причината која е во Него, а тоа е љубовта. Тој создавајќи ја „разлева“ својата љубов на сите созданија. Единствено ангелот и човекот се на кои така им се објавува да со нив може да воспостави дијалог на љубовта. Ние љубејќи го Бога на Неговата љубов не можеме ништо да додадеме. Но, знаејќи дека сме љубени можеме со изворот на љубовта љубејќи да воспоставиме дијалог Созданијата со Создателот и во тој дијалог да бидеме радосни, благодарни, восхитени бидејќи сме деца на љубениот – Љубовта„.
„Според оваа Иван не води на темелот на христијанството доколку христијанството е нов Божји народ и доколку Црквата е таа заедница која Исус ја основа. До спознанието на Божјата љубов или Бога како љубов не можеме на друг начин да дојдеме туку со дар и тоа со дарот на Светиот Дух. Патот на нашето оправдување дека сме сфатиле или барем прифатиле дека сме деца на Божјата љубов можеме само преку човекот. Затоа централна тема на оваа послание е братската љубов. Дословно Иван вели: „да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога, и секој, кој љуби, е роден од Бога и Го познава Бога; кој не љуби, тој не Го познал Бога, зашто Бог е љубов“ (1 Ив 4,7-8). Во Божјото дарување на Синот за наше помирување Бог постави темел на човекот за човекот. Иван вели: „кога така нè возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љубиме еден со друг. Ако се љубиме еден со друг, Бог пребива во нас“ (1 Ив 4,11-12). За нас овој програм на верскиот живот навистина е доста тежок. Поедноставно кажано тоа значи дека не можеме да го љубиме Бога ако не го љубиме ближниот. Дури и тоа дека не можеме да го препознаеме Бога ако во ближниот не го познаваме и препознаваме својот брат. Затоа е важно да согледаме дека Иван ни покажува како е тоа сепак можно. Тој вели според оваа знаеме дека ние пребиваме во Него и Тој во нас: знаеме по тоа што ни дал од Својот Дух. Ако веруваме дека е Светиот Дух – Дух на љубовта на Отецот и Синот, тогаш Бог не дека нешто ни дал туку ни се даде самиот себе. Нема два Света Духа само е еден кој е Дух на Отецот и Синот и ако од тој Дух ни дал тогаш ни се дал себе да тоа што не можеме ние слабите по себе можеме да го оствариме по Него. Можеме да ги љубиме браќата со силата на Светиот Дух„.
„Така дојдовме до третата порака на денешниот празник, а тоа е посланието на Црквата. Црквата е заедница и заедница која ја собира Светиот Дух. Апостолот вели: И ние видовме и сведочиме. Што? Сведочиме дека Бог е љубов дека за спасение на човекот го испрати својот Син и дека темел на нашата вера е прифаќање и исповедување дека Исус е Божји Син. Црквата е повикана и затоа постои да таа вистина ја навестува до свршетокот на светот и до крајот на времето. На таа доверба, на тоа искуство дека Бог е љубов се темели нашата сила на сведоштвото, бидејќи Црквата не е само навестителка туку и сведок. Омилена тема на папата Фрањо е зборот сведок – сведочење. Божјата љубов не се навестува туку се сведочи. Од таа сила на сведочење папа Фрањо го извлекува другиот темелен поим на христијаните во наше време а тоа е сигурност и радост на спасените. Христијанството не може да биде намрштено, тажно, христијанството е радосно бидејќи е во заедништво со Бога„. „Драги браќа и сестри, треба искрено и понизно да признаеме: убаво е оваа што сега го размислувавме но кој може така да живее. Затоа да се загледаме во Исус. Тој денес ни вели: „Дојдете кај мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам, поучите се од Мене бидејќи сум кроток и смирен по срце“ (Мт 11,28-29). И ние сме денес пред Исус токму такви уморени и обременети и сакаме својата душа да ја окрепиме на Неговото смирено срце и да сфатиме дека Неговиот јарам не е тежок и Неговото време не е невозможно ни за мене како единка ниту за Црквата како заедница ако знаеме да му служиме на човекот во понизност и љубов. Во завршната молитва на денешната Богослужба токму тоа ќе молиме да знаеме да ги љубиме ближните и на тој начин да ја навестуваме Божјата љубов. Амин„.
Recent Comments