МОЛИТВЕНА ОСМИНА ЗА ЕДИНСТВО НА ХРИСТИЈАНИТЕ

Во периодот од 18 до 25 јануари се обележува Светската молитвена осмина за единство на христијаните.

Распоред на екуменскте средби:

18.01 (недела) Католичка катедрала Пресвето Срце Исусово,Скопје во 19 часот

21.01 (среда) Евангелско – Методистичка црква, Скопје во 19 часот

22.01 (четврток) МПЦ Црква Св.Петар и Павле (Ѓорче Петров) во 19 часот

Радио Марија Македонија – радио кое создава мостови

Што е Радио Марија?

Радио Марија е проект на светско ниво. Тоа е едно поинакво радио, исклучиво наменето за духовен раст, промовирање на христијанските вредности, култура и образование.  Ова радио е непрофитно и функционира од благодарение на донации од локалното население и од целиот свет.

Кога и каде се појави Радио Марија

Радио Марија својот почеток го бележи во 1983 год. во провинцијата Комо (Миланска Бискупија) во Италија, со цел да ја шири хрисијанската порака. Од тогаш ова радио се шири и станува медиум за преобразба насекаде во светот.

Светското семејство на Радио Марија

Радио Марија е присутно во 70 земји во светот, со програми на повеќе од 20 јазици и милиони слушатели на сите пет континенти. Овие радија се основаат од истоимените здруженија. Сите Здруженија на Радио Марија во светот се обединети во Светското семејство на Радио Марија (World family of  Radio Maria).  Здружението Радио Марија Македонија е дел од ова светско семејство.

Радио Марија Македонија

www.radiomaria.mk

Здружението Радио Марија Македонија е основано во 2012 година и со неколку годишна подготовка и поддршка од WFRM (Светското семејство на Радио Марија) ова радио во Македонија почнува да емитува своја програма како интернет радио на 8 декември 2014 година,  благословено од скопскиот бискуп Киро Стојанов. Радио Марија Македонија е интернет радио, кое може да го слушате на [www.radiomaria.mk](http://www.radiomaria.mk/) . Емитува 24 часовна програма во која освен македонскиот јазик се застапени албанскиот и хрватскиот јазик.

Радио кое создава мостови помеѓу луѓето

Програмата на Радио Марија Македонија има за цел да ја пренесе разновидноста на човечката култура низ христијанска перспектива, поврзувајќи ги своите волонтери и слушатели без оглед на нивната верска определба или национална припадност. Историјата покажала дека на овие простори и во светот меѓусебното запознавање, размената на идеите и соработката можат да го донесат многу посакуваниот мир и благосостојба. Така вредностите кои се заеднички за сите, пренесени преку културата, уметноста, локалното и светско духовно наследство може да создадат мостови помеѓу поединците, овозможувајќи им да суштествуваат во Вистината, Добрината и Убавината.

Затоа ги покануваме сите луѓе со добра волја, чии животни принципи се совпаѓаат со христијанските вредности, да станат дел пријатели на Радио Марија, а со тоа дел од овој голем проект. Освен како слушатели, ако се чувствувате повикани, можете да станете наш волонтер и да учествувате во програмата.

Каде се наоѓа радиото?

ул. Петар Попарсов бр.43 позади католичката катедрала во Скопје.

Контакт

Освен на нашата веб страница можете да не најдете на Фејсбук (Радио Марија Македонија) и Твитер (@RadioMarija_mk).

U četvrtak, 25. prosinca 2014. u katedrali Presv. Srca Isusova u Skopju, nakon svečanog Euharistijskog slavlja na svetkovinu Kristova rođenja – Božića, koje je predslavio skopski biskup i apostolski egzarh mons. dr. KiroStojanov, uslijedila je božićna predstava.

U prvom djelu predstave djeca su kroz igrokaz dočarala otajstvo Božića kroz dvije slike u kojima je sadržano anđelovo naviještenje Bl. Djevici Mariji i Isusovo rođenje. U drugom djelu djeca i mladi su otpjevali tradicionalne božićne pjesme na različitim jezicima popraćene koreografijom, čime su nastojali pokazati dječju radost koja izvire iz sadržaja Božića, a ta dragocjena atmosfera zahvatila je sve prisutne.

Na kraju biskup Stojanov izrekao je svoju zahvalnost djeci i organizatorima, te ih ohrabrio i pozvao da budu uvijek nositelji “ovog duhovnog sadržaja koji raduje naše srce”.

U organiziranju predstave pomogli su župni vikar don Jošt Mezeg, te župljanke Danijela Brzova i Jadranka Čadinovska.

Бискупот Стојанов ја предводеше Полноќната Миса во Скопската катедрала

Во среда 24 декември 2014 година Светата полноќна Миса во Катедралата Пресвето Срце Исусово – Скопје ја предводеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов. На светата Миса сослужуваа дон Давопр Топиќ, катедрален парох, монс. Антун Циримотиќ, директор на Македонски Каритас, о. Марјан Ристов, бискупскиот канцелар, капеланот дон Јошт Мезег, како и свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, о д-р. Зоран И. Стојанов, о. Спасо Ристов и о. Димитар Ташев.

Скопската катедрала беше исполнета со мноштво верници католици, како и верници од други вероисповеди, а присутни беа и претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вењановски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, амбасадорот на Република Македонија при Светиот Престол, Звонимир Јанкуловски, претставници на Македонската православна црква –ОА, од Евангелско – методистичката црква, проповедник Михаил Цеков, претседателката на Еврејската заедница во Македонинја Берта Романо, како и бројни лица од јавниот живот.

Поради тоа што во Скопската бискупија е продолжена пасторалната година „Година на семејство“ на почетокот од Полноќната света Миса во процесија беше и семејството Матиќ, а таткото на семејството пред олтарот на бискупот Стојанов му го предаде Малиот Исус, а потоа сите заедно предводени од церемонијалот дојдоа пред пештерата каде што го положија Малиот Исус.

Во својата проповед бискупот Стојанов рече: „Драги браќа и сестри, Божик е. Од година во година празнувањето на овој настан со кој започна нова ера на човештвото, длабоко го допира срцето на секој верник, но и на секој човек со добра волја. (…) Ја гледаме визијата на пророкот Исаија – и тој гледа силно мнозинство, народ кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина. Визијата на пророкот Исаија е визија на вистинското ослободување на човекот и човештвото, бидејќи повеќе нема робови и отуѓени луѓе, повеќе нема питачи и страдања, зашто јаремот, кој му тежеше, и жезолот што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач ги скрши оној кој доаѓа. Зашто дете ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамената Негови, и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.“

„Кога човек ќе ја наведне својата горда глава и ќе се доближи до Витлеемската пештера, го отфрлува од себе својот егоизам и надменост и тогаш препознава дека христијанинот не е утопист, не е фанатик, не живее од фантазии ТУКУ Е ЧОВЕК СО НАДЕЖ. Христијанинот е визионер кој гледа дека Исус е единственото решение на оваа неурамнотеженост што ја доживеал цар Август со визијата на пророкот Исаија и дека тоа не е прикаска туку историска реалност: Христос е единствениот Спасител на светот, но човекот не го менува насилно ниту само однадвор, туку го менува човекот одвнатре. Оној кој може да го менува срцето може да го слави Божик. Затоа во визијата на Лука гледаме дека небото се отвора и Божјата слава осветлува обични луѓе – пастирите кои во својата едноставност биле подготвени да ја прифатат Радосната вест и да и поверуваат: _Еве ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе. Зашто денес ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ_. Одговор на нивната вера е ангелската химна: _„Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“_

Пред крајот од својата проповед бискупот Стојанов посака честит и благословен Божиќ на сите присутни и оние кои ја следат Мисата преку медиумите, пренесувајќи ги честитките и поздравите од Светиот Отец, папата Фрањо преку Апостолската нунцијатура и честитката од Апостолскиот нуцниј во Република Македонија Анселмо Гвидо Пекорари, божиќната честитка од митрополитот за месната Црква во Македонија, архиепископот Врхобосански кардинал Винко Пуљиќ, честитка од шпанскиот кардинал Сантос Абрил и Кастељо, поранешен Апостолски нунциј во Република Македонија, а исто така заблагодари за присуството на државните власти, на медиумите кои овозможија директен пренос од Скопската катедрала, како и на сите останати претставници.

За време на Мисата пееше Катедралниот хор под раководство на с. Татјана Атанасова, а со своето служење за свечената Миса допринесоа министрантите.

После светата Миса бискупот Стојанов со своите соработници за претставниците на власта, верските и политички претставници, како и за лица од културниот живот и парохиската заедница приреди Божиќен пример во просториите на Пасторалниот центар

Божиќен концерт на катедралниот хор „Пресвето Срце Исусово“

На 20 декември 2014г. катедралниот хор „Пресвето Срце Исусово“ во Скопската катедрала одржа Божиќен концерт со солистите: Серафина Фантаузо (соло), Антонија Матиќ (оргули и соло), Кристијан Зефиќ и Камелија Дукова (виолина), Јулијана Нелковска (виолоина), Кристина Томкиќ (соло), Дарко Мариновски (оргули) и Марија Докузова (оргули), а под диригенство на сестра Татјана Атанасова.

Концертот започна со говор на скопскиот парох дон Давор Тоипќ, а на крајот на концертот голема благодарност до хорот и солистите искажа НВП монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп.

Божиќна работилница за деца

Во сабота 13 декември 2014 година на празникот света Луција во салата на парохискиот Пасторален центар во Скопје е одржана Божиќна работилница за деца.На самиот почеток од средбата децата гледаа видео катехеза прилагодена на нивната возраст, со содржина која има за цел да ги воведе во таинството и убавината на Исусовото раѓање и доаѓање. Потоа децата под водство на четири сестри од движењето на Фоколарите – Дело Мариино изработуваа божиќни мотиви од гипс. Во пријатна семејна атмосефра до израз дојде радоста на чистото детско срце, а ја покажаа и својата креативност и уметнички талент во оваа работилница преку лиење на смесата во калапите и боењето.

На четвртата адвентска недела децата ќе учествуваат на парохискиот Божиќен базар, а после централната утринска Миса ќе понудат статуи од Младенецот Исус и ангели, кои ги изработија со своите раце.

во Скопската парохија

Средба на стари и болни лица

Во сабота 6 декември 2014 година на празникот Свети Никола во катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје е одржана средба на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. Киро Стојанов со стари и болни лица, на тема: „И во староста, па и кога ќе престареам, Боже не напуштај ме“ (Псалм 70,18). На средбата присуствуваа монс. Антун Циримотиќ, катедралниот парох и скопски декан дон Давор Топиќ, капеланот Јошт Мезег и околу 50 стари лица, од кои повеќето пристигнаа сами, а некои со превозот организиран од парохијата.

На почетокот парохот ги поздрави присутните, а заедничкото дружење започна со молитва и песна, а потоа продолжи со катехеза од монс. Циримотиќ, во која е истакната важноста да се живее со вера, која дава одговори на смислата за страдањето во животот на христијаните. Зборувајќи од сопствено искуство ги поттикна присутните да не потклекнуваат, туку да се потпрат на Христос.

После катехезата следуваше пауза со кафе и чај, а имаше можност за разговор и дружење. По кратката пауза учесниците се упатија во капелата Света Ана која се наоѓа во катедралата, каде дружењето го продолжија со Света Бројаница, а за тоа време свештениците беа на располагање за света Исповед.

Потоа следуваше Евхаристиското славење кое го предводеше монс. д-р Киро Стојанов во сослужение на дон Давор Топиќ. Во својата хомилија бискупот Стојанов истакна: „Денес се чувствувам почестен и радосен што можам да бидам со вас заедно на оваа средба на стари и болни од нашата парохија, а по повод Година на Семејство, преку која ја откриваме силата на Светите Тајни. Сакам да започнам со зборовите на свети Иван Павле II, кој во 1999 година обраќајки им се на стаире лице рече: ’Кога со мислите се враќаме во минатото, обидувајќи се да направиме некој биланс, тогаш тоа е сосеме примерно. Човекот е потонат во времето: во него се раѓа, живее и умира. Раѓањето означува прв датум од животот, а смртта втор, последен, а тие два дена се алфа и омега, односно почеток и крај.’ Според овие зборови на Иван Павле II животот е дар Божји, а возраста сама по себе е вредна заради животот кој се продолжува. Животот е носител на лични „дарови“, благодарејќи на наследното искуство, знаењето, поуката што ја чуваат старите. Драги браќа и сестри и во годините на својата старост доколку сакаме можеме да бидеме корисни и да подготвиме радост на младите, а за себе утеха и Божја награда, бидејќи Бог ќе ги награди нашите добри дела направени на еден од овие најмалите. Таа радост нека биде наједноставна и исполнета со милост, а тоа е кога некој духовно и молитвено ќе го подржиме во нашите скромни молитви упатени до Бог и Пресвета Дева Марија.“

За време на светата Миса бискупот Стојанов подели Света Тајна Елеопомазание на болните, на оние кои имаа потреба од неа и кои беа подготвени. По завршниот благослов дон Давор ги повика сите во салата на заедничко агапе, каде што продолжи радоста на заедништво.

Многу стари и болни лица изразија големо задоволство и благодарност за овој настан во кој преку мали знаци на внимание можеа да ја вкусат Божјата љубов и близината на Црквата во нивното трпење и осаменост, посакувајќи оваа средба да премине во традиција. Преку неуморно служење во организација на оваа средба помогнаа с. Роберта, с. Наталија и богословите Спасе Спасов и Силвер Митев.

Skopskog dekanata

Preč. Davor Topić izabran za novog dekana

Na sjednici prezbiterskoga vijeća Skopske biskupije održave 4.12. u prostorijama biskupskoga ordinarijata, naš župnik preč. Davor Topić izabran je za novoga dekana Skopskog dekanata. Našem dragom župniku od srca čestitamo i želimo mu obilje Božjeg blagoslova!

Миси зорници* во Скопската катедрала

*Во Адвентското време се служат рани утрински миси т.н. зорници.

Вообичаено се служат во 6 или 7 часот наутро, во рани зори.

Тие ја симболизираат будноста на христијаните во времето на подготовка за Божиќ, но и на конечното Исусово доаѓање на крајот на времето.*