Што е Радио Марија?
Радио Марија е проект на светско ниво. Тоа е едно поинакво радио, исклучиво наменето за духовен раст, промовирање на христијанските вредности, култура и образование. Ова радио е непрофитно и функционира од благодарение на донации од локалното население и од целиот свет.
Кога и каде се појави Радио Марија
Радио Марија својот почеток го бележи во 1983 год. во провинцијата Комо (Миланска Бискупија) во Италија, со цел да ја шири хрисијанската порака. Од тогаш ова радио се шири и станува медиум за преобразба насекаде во светот.
Светското семејство на Радио Марија
Радио Марија е присутно во 70 земји во светот, со програми на повеќе од 20 јазици и милиони слушатели на сите пет континенти. Овие радија се основаат од истоимените здруженија. Сите Здруженија на Радио Марија во светот се обединети во Светското семејство на Радио Марија (World family of Radio Maria). Здружението Радио Марија Македонија е дел од ова светско семејство.
Радио Марија Македонија
www.radiomaria.mk
Здружението Радио Марија Македонија е основано во 2012 година и со неколку годишна подготовка и поддршка од WFRM (Светското семејство на Радио Марија) ова радио во Македонија почнува да емитува своја програма како интернет радио на 8 декември 2014 година, благословено од скопскиот бискуп Киро Стојанов. Радио Марија Македонија е интернет радио, кое може да го слушате на [www.radiomaria.mk](http://www.radiomaria.mk/) . Емитува 24 часовна програма во која освен македонскиот јазик се застапени албанскиот и хрватскиот јазик.
Радио кое создава мостови помеѓу луѓето
Програмата на Радио Марија Македонија има за цел да ја пренесе разновидноста на човечката култура низ христијанска перспектива, поврзувајќи ги своите волонтери и слушатели без оглед на нивната верска определба или национална припадност. Историјата покажала дека на овие простори и во светот меѓусебното запознавање, размената на идеите и соработката можат да го донесат многу посакуваниот мир и благосостојба. Така вредностите кои се заеднички за сите, пренесени преку културата, уметноста, локалното и светско духовно наследство може да создадат мостови помеѓу поединците, овозможувајќи им да суштествуваат во Вистината, Добрината и Убавината.
Затоа ги покануваме сите луѓе со добра волја, чии животни принципи се совпаѓаат со христијанските вредности, да станат дел пријатели на Радио Марија, а со тоа дел од овој голем проект. Освен како слушатели, ако се чувствувате повикани, можете да станете наш волонтер и да учествувате во програмата.
Каде се наоѓа радиото?
ул. Петар Попарсов бр.43 позади католичката катедрала во Скопје.
Контакт
Освен на нашата веб страница можете да не најдете на Фејсбук (Радио Марија Македонија) и Твитер (@RadioMarija_mk).

































































































Recent Comments