Карактерот на Неокатекуменскиот пат го дефинирал, Неговата Светост, Иван Павле II кога напишал: „Го признавам Неокатекуменскиот пат како итинерариј на католичката формација валидна за општеството и за денешното време“.
Неокатекуменскиот пат е на служба на бискупот како еден од начините на бискупското остварување на христијанска иницијација и перманентно воспитување на верата.
Неокатекуменскиот пат започнал 1964 година помеѓу бараките Паломерас Алтаса во Мадрид, со делување на Франциско Хосе ( Кико ) Гомез Аргуело и Кармен Хернандез, кои, на барање на тие исти сиромашни со кои живееле, започнале да им го навестуваат евангелието на Исус Христос. Со текот на времето оваа керигма се конкретизирала во катехетска синтеза втемелена на троног: ‘Божјо Слово – Литургија – Заедница’, со цел доведување на луѓето до братско заедништво и зрела вера.
По надахнување на Блажена Девица Марија и по примерот на св. Назаретско Семејство, Неокатекуменскиот пат е концилска стварност и плод на делувањето на Светиот Дух во Католичката Црква. До денес се проширил во повеќе од 900 бискупии во 105 земји, со преку 20 илјади заедници во 6000 парохии.
Св. папа Иван Павле II (30.8.1990.):
... “го признавам Неокатекуменскиот пат како итинерариј на католичката формација, валидна за друштвото и за денешното време“...
Папа Бенедикт XIV (17.1.2011.):
„Неокатекуменскиот пат помага во обнова и зацврстување на христијанска иницијација во парохиите и бискупиите“...
Папа Франциск (5.5.2018.):
“Драги браќа и сестри, вашата каризма е голем Божји дар за Црквата во денешно време. Да му благодариме на Бога за овие педесет години: аплауз за 50-те години! И гледајќи ја неговата татковска и братска верност ја полнат љубовта, никогаш не губете верба: Тој ќе ве сочува поттикнувајќи ве истовремено да појдете, како љубени ученици, кон сите народи, со понизна едноставност. Ве следам и ве охрабрувам: продолжете!“
Катехезите на Неокатекуменскиот пат во Скопската парохија се слушани на почетокот на 2019. година со благослов на локалниот ординариј монс. Киро Стојанов и така е родена заедницата во Скопје.