Христовата присутност во силината на Словото и на Светиот дух

„Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога, и Кој се застапува за нас? (Рим 8,34), присутен е во Црквата на повеќе начини: во своето Слово, во молитвите на својата Црква - „зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив” (Матеј 18,20), потоа меѓу сиромашните, во болните и заробените (Матеј 25,31-46). Во Светите тајни кои ги втемели, во жртвата на Мисата и во личноста на служителот, но, „пред сѐ е присутен во евхаристијата“.

Начинот на Христовата присутност во Евхаристистијата е единствен. Ја воздигнува Евхаристијата над сите Свети тајни и ја прави „врв на духовниот живот и цел кон која тежнеат сите Свети тајни.“ Во Пресветата тајна на Евхаристијата „се содржани вистинско и супстанцијално и Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос, со душата и божественоста, и според тоа, целиот Христос.“ „Таа присутност се нарекува вистинска не во смисла на исклучивост, како другите да не се вистински, туку според посебноста, затоа што е важна (супстанцијална) и преку неа е присутен целиот Христос, Бог и човекот.“

На Тридентскиот собор католичката вера за ова ја сумира во следната изјава: „А бидејќи Христос, нашиот откупител, за она што го давал преку видливата форма на лебот рекол дека тоа е навистина неговото Тело, затоа секогаш во Божјата црква постоело уверување, и тоа овој свет собор сега повторно го изјавува: преку посветувањето на лебот и виното се случува претворба на целата суштина (супстанција) на лебот во супстанција на Телото Христово, нашиот Господ, и целата суштина на виното во суштината на неговата крв. Таа претворба прикладно и во вистинска смисла католичката Црква ја нарекла трансупстанцијална.“

Христовата евхаристиска присутност почнува во моментот на посветата и трае толку долго колку што траат евхаристиските форми. Христос е целосно присутен во секоја форма и во секој нејзин дел, така што кршењето на лебот не го дели Христос. 

grant-whitty-Ua4yus9xznA-unsplash-min

Почитување на Евхаристијата

Во мисната литургија ја изразуваме верата во вистинската Христова присутност во формата на лебот и виното, меѓу другото со потклекнување или длабоко поклонување кон Господ. „Католичката црква го искажувала и продолжува да го искажува тоа поклонувачко почитување на Светата тајна евхаристија, не само во мисата, туку и надвор од нејзиното прославување: чувајќи ги со најголема грижа посветените хостии, изложувајќи им ги на верниците заради свеченото почитување и носејќи ги во процесија.“ Светохранилиштето (табернакулот) на почетокот служело за достоинствено чување на Евхаристијата за болните и оние кои не присуствувале на Мисата. Но со продлабочувањето на верата за Христовата вистинска присутност во Евхаристијата, црквата станала свесна за тивкото поклонување пред Господ - присутен преку Евхаристијата. Заради тоа, светоханилиштето треба да биде сместено на достоинствено место во црквата и треба да биде така направено за да ја истакнува и покажува вистината на Христовата вистинска присутност во Светата тајна. Многу е прикладно што Исус сакал да остане присутен во својата црква преку овој единствен начин. Тој во својот видлив лик требал да ги напушти своите, сакал да ни ја дарува својата таинствена присутност, бидејќи се принел себе си на крстот за нашето спасение, сакал да ни ја остави во спомен таа љубов со која нѐ љубел „до крај“ (Иван 13,1), сѐ до дарот на својот живот. Навистина во својата евхаристиска присутност тој останува таинствено присутен меѓу нас како оној кој нѐ љубел и се предал самиот себе си за нас, и тука останува преку знаците кои ја изразуваат неговата љубов кон нас: Црквата и светот имаат голема потреба од Евхаристиско почитување, Исус нѐ чека во таа света тајна на љубовта. Да не го штедиме своето време и да одиме да го сретнеме во чинот на поклонувањето, во контемплација полна со вера и подготвеност за да ги покрие нашите големи гревови и злостроства во светот,. Нашето поклонување никогаш нека не престанува. „Присутноста на вистинското Тело и вистинската Крв Христова во оваа тајна не може да се спознае со сетилата, вели св. Тома, туку само со вера која се темели на Божјиот авторитет.“

Велигденска гозба

Мисата истовремено е жртвен спомен - чин во кој се овековечува жртвата на Крстот, и света гозба на причест со Телото и Крвта Господови. Но, сѐ е прослава на Евхаритиската жртва насочена кон најдлабокото единство на верниците со Христос по причеста. Причестаувањето значи да се прими самиот Христос кој се принесе за нас.

Олтарот, околу кој се собира Црквата во Евхаристиската прослава, претставува два вида на истото таинство: жртвеник и трпеза на Господ, уште повеќе што Хритсијанскиот олтар е симбол на самиот Христос, кој во заеднциата на своите верници е присутен како жртва принесена за наше промирување и како небесна храна која ни се дарува. „Што е Христовиот олтар ако не е слика на Христовото Тело?“ - вели св. Амвросиј, а на друго место вели: „Олтарот го претставува Теолото (Христово), а на оларот е Христовото Тело.“ Тоа единство на жртвата и причеста литургијата ја изразува во многу молитви. Така, Римската црква во евхаристиската молитва моли: Понозно се молиме семоќен Боже, рацете на твоите свети ангели да ги пренесат (ова принесување) на твојот небесен жртвеник, пред Твоето божествено величие, за сите кои ќе го примиме пресветото тело и крв на твојот Син, како причесници на оваа жртва да го наполниме со секој бесесен благослов и милост,

„Земете и јадете од ова сите“ - Причест

Господ ни упатува повик да го примаме во тајната на Евхаристијата: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе.“ (Иван 6,53)

За да можеме да одговориме на овој повик треба да се подготвиме. Св. Павле повикува на испит на совеста: „Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.“ (1 Кор 11,27-29) Кој е свесен за тежок грев, треба пред да пристапи на причест да се исповеда.
Пред величината на оваа тајна, верникот не може поинаку туку понизно и со силна вера да ја прифати исповедта на војникот и да каже: „Господе, не сум достоен да влезеш под мојот покрив, туку само кажи збор и ќе оздрави мојата душа.“

Често причестување

Целосно е во согласност со самото значење на Евхаристијата верниците, ако ги имаат потребните услови, да се причестат секојпат кога ќе учествуваат на Миса. „Многу се препорачува она посовршено учество на Мисата, преку кое верниците по свештеничката молитва на причеста го земаат Телото Господово од истата жртва.“ Црквата ги обврзува верниците во „недела и на празниици да учествуваат на божествената литургија“ и евхаристијата да ја примат најмалку еднаш годишно, по можност во Воскресно време и подготвени со Светата тајна на исповедта. Црквата, сепак, им препорачува на верниците Светата евхаристија да ја примаат и во недели и празници, или уште почесто секој ден.

Бидејќи Христос светотаинствено е присутен во секоја прилика, причеста само под видот на лебот овозможува да се прими целосниот милосен плод на Евхаристијата. Од пасторални причини овој начин на причестување со закон се востановил во латинскиот обред како најредовен. Сепак, „Светата причест, што се донесува на знаците, има целосна форма кога се прима под двете форми: во таа форма посовршено се гледа знакот на евхаристиската гозба.“ Тоа е редовна форма на причестување во источните обреди.