Помеѓу седумте Свети тајни, кои ни се на располагање како средство на нашиот пат кон спасението, се наоѓа и Светата тајна која ја нарекуваме елеопомазание на болните.


Заедно со Светата исповед, оваа Света тајна се вбројува меѓу Светата тајна на оздравување. Со неа Црквата изразува грижа и за своите членови кои страдаат, покажувајќи им дека не ги заборава, туку мисли на нив, им помага и моли за нив, препорачувајќи ги на Господ Исус Христос да ги спаси, на оној кој неволјите ги зема на себе и страда сам. „Он ги зеде на Себе нашите немоќи и ги понесе болестите.” (Матеј 8,17) Исус секогаш имал разбирање за болните и немоќните. Сочувствува со нив, а бројни исцелувања сведочат за неговата божествена моќ. Тој е „Бог кој го водел својот народ“, и тоа е знак дека се се Божјото Царство било блиску.

Во евангелието според Марко читаме како Исус, божествен лекар на душата и телото, и своите ученици, апостоли, ги пратил во светот со ова јасно послание: „Болни лекувајте!“ ( Матеј 10,8 ) Тоа што го примиле од Бога е препорачано и прогласено на верниците по апостолот Јаков: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат.“ (Јак 5, 14-15). Значи апостолската Црква го има обредот на помазание во кое Преданието препознало една од Светите тајни кој се делела за да дадат милости на христијанинот кој преживува мака врзана со тешка болест или старост.

Се препорачува помазанието на болните да се дели на личност која е при свест. Пред примање на оваа Света тајна би требало личноста да се исповеда. Тие кои не можат, бидејќи на пример не се при свест, оваа Света тајна им ги простува гревовите. Прикладно е да се дели за време на евхаристија но може и поединечно само за еден болен или за повеќе немоќни.

Славењето на Светата тајна ги има овие главни делови: полагање на рака, молитва во верба на Црквата, и помазание со Свето масло кое го благословил бискупот на Велики Четврток. Болниот со маслото се помазува на челото и рацете (по Римскиот обред) или на другите делови од телото (на Исток), при што се изговораат по еднаш овие зборови: „Со ова Свето помазание и Своето благо милосрдие нека те благослови Господ со милоста на Светиот Дух нека ти помогне, нека ослободен од гревот спаси и милосно подигне.“

Плодови на посебна милост на Светата тајна на помазанието на болните се:

  • Болниот се соединува со Христовата мака за свое добро и Црквата;
  • Добива потпора, мир и охрабрување за христијански да ги поднесува тешкотиите на болеста или староста;
  • Добива простување на гревовите, ако не можел да го прими во Светата тајна исповед;
  • Добива здравје, ако тоа користи за духовно спасение;
  • Го подготвува болниот за премин во вечен живот.