Исусе, Маријо и Јосифе

во вас го гледаме

сјајот на вистинската љубов,

со доверба се обраќаме до вас.

Свето Назаретско семејство,

направи ги и нашите семејства

место за заедништво и простор за молитва,

вистинско училиште на евангелието

и мали домашни Цркви.

Свето Назаретско семејство,

во нашите семејства повеќе никогаш да нема

насилство, затвореност и поделби:

секој кој е повреден и соблазнет

брзо нека почувствува и доживее оздравување.

Свето Назаретско семејство,

претстојната Епископска синода,

повторно во сите нека ја разбуди совеста

за светото и неповредливо значење на семејството

и нејзината убавина во Божјата промисла.

Исусе, Маријо и Јосифе

слушнете ја нашата понизна молитва и услишете не.