Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов упати повик до свештениците, монашките заедници и верниците во Македонија да се приклучат на молитвениот апел на папата Фрањо и во среда 26 јануари 2022 година да упатат молитва за мир во Украина, но и за насекаде каде што мирот е нарушен. Покрај тоа ги повика паросите и монашките заедници поединечно, но и во заедништво со своите верници да се помолат за мир во Украина и светот.
По тој повод на 26 јануари во 19.45 часот на брановите на Радио Марија бискупот Стојанов ќе моли света Бројаница за мир во Украина и сите луѓе со добра волја се повикани да се приклучат на оваа заедничка молитва.
Повикот на епископот Стојанов за мир во Украина следува по апелот на Папата Фрањо, кој го упати по молитвата Ангел Господов во недела 23 јануари 2022, кој со голема загриженост ги следи тензиите што се закануваат повторно да го дестабилизираат мирот во Украина, а воедно и да ја загрозат безбедноста на европскиот континент со многу поголеми последици.
Радио Марија може да се слуша во Струмица на 106.50 MHz и на интернет на www.radiomarija.mk, како и на апликацијата Радио Марија Македонија, која може бесплатно да се преземе од Play Store.
Информацијата е преземена од католици.мк