Во недела на 12 декември 2021 година во Скопската катедрала се одржа концерт на Скопскиот Брас Квинтет. Концертот насловен „Вечер на Бах“ беше посветен на Јохан Себастијан Бах. Програмата ги содржеше изведбите на „My spirit Be Joyful”, “Fanfare fugue”, “Concerto – Bach/Vivaldi (Movement I), Chorales Harmoized by J. S. Bach и многу други преубави дела. Концертот беше беспрекорно изведен, заради што беше награден со огромен аплауз од страна на присутните.
Скопски Брас Квинтет е во состав: Стефан Илиев – труба, Вилијам Баракоски – труба, Благоја Василевски – хорна, Никола Ристевски – тромбон и Александар Ниниќ – туба.