Во недела на 12 декември 2021 година се одржа традиционалниот Божиќен саем во организација на Македонскиот Каритас и парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
На саемот кој беше од хуманитарен карактер учествуваа претставници на амбасади, граѓански здруженија, компании, верници и сите луѓе со добра волја. Можеше да се најде од се’ по нешто, почнувајќи од традиционалните божиќни колачиња на кои децата најмногу им се радуваа, божиќните мотиви и разни украси кои измамија насмевки како на децата така и на возрасните.
Целиот приход е наменет за луѓето во потреба – за сиромашни семејства и лица од најзагрозената категорија на граѓани. Света Мајка Тереза во една мисла рече “Не сме сите сиздадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали нешта со многу љубов ”. Токму пораката од ова мисла беше цел која се препозна и на овогодинешниот саем.