Во неделата на 2 октомври 2022, светата миса во скопската катедрала беше посветена на сите деца од парохијата кои ќе ја започнат новата веронаучна година. Во оваа прилика децата имаа можност да ги принесат даровите на олтарот, а на крајот на мисата родителите и децата од парохијата примија посебен благослов.
Им посакуваме успешна и од Светиот дух инспирирана нова веронаучна година!