На 15 декември 2019 година во дворот на скопската катедрал во организација на Македонски Каритас и Катедралната парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, а во соработка со Италијанската и Унгарската амбасада е организиран Божиќен саем. Покрај присуството на бискупот Стојанов, саемот беше посетен и од многу верници, граѓани, претставници на амбасади, како и од првата дама на Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска.
Саемот понуди различни традиционални божиќни јадења и колачи, топли напитоци, украси и пригодни божиќни поклони.
Организирањето на Божиќниот саем имаше за цел собирање на средства, за сиромашни семејства, кои се корисници на помошта на Македонски Каритас.
Божиќниот саем во Скопје, традиционално се организира секоја година на третата недела од Божиќниот пост.