Во неделата на 16-ти ноември во Осиечката конкатедрала св.Петар и Павле се одржа свечена света Миса која беше предводена од Ѓаковачко-осиечкиот надбискуп Ѓуро Храњиќ во концелебрација со повеќе свештеници. Тој на осум богослови од Богословската семинарија во Ѓаково (Хрватска) им ги довери службите лекторат и аколитат. Меѓу нив, се наоѓа и богословот на Скопската бискупија Емануел Матес, кој ја прими службата аколит.
Аколитите од надбискупот Храњиќ како симбол за својата служба примија садови со леб и вино. Имено, од денот на примањето на оваа служба богословите ќе ја имаат можноста да им помагаат на свештениците и ѓаконите при делењето на Светата Причест. Терминот аколит ( грч. да се оди по некого; да се следи некој) значи литургиски придружник.
А лекторите (читачите) како симбол за својата служба примија Библии, кои треба да ги потсетуваат на нивната служба која во самата литургија претставува навестување на Божјото слово.
Овие два степени низ кои минуваат богословите претставуваат подотовка за нивната презвитерска служба.










