usmilenki-min

Редот на чесните сестри „Ќерки на христијанска љубов“ (Усмиленки) го основал св. Винко Паулски заедно со св. Луиза де Марилак на 29.11.1633 год. во Франција. Според зборовите на основачите, цел на Заедницата е: „Да се слави нашиот Господ Исус Христос како извор и пример на љубовта дарувајќи им телесна и духовна помош на сиромашните лица“.


На повик на Скопско – Призренскиот бискуп д-р Иван Фрањо Гнидовец и Скопскиот лекар д-р Павле Пајч, сопственик на санаториумот „Вардар“, сестрите Усмиленки од словенската провинција дошле во Скопје на 7 април 1927 год. Во манастирот на сестрите Усмиленки во Скопје живееле до седумдесет сестри од кои повеќето работеле во болниците, го воделе сиропиталиштето „Свети Јосиф“ на Битпазар и учествувале во парохиската катехеза.


Денес, во скопската парохија има три чесни сестри од овој ред, кои се активно вклучени во парохиската катехеза и грижата за сиромашните.