„Го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа.” (Битие 1,27-28)

Бог го втемелил бракот уште во рајот на земјата, кога рекол: „Не е добро човекот да биде сам: ќе му направиме помош како што е тој“, а потоа на Адам и Ева „Плодете се и множете, и наполнете ја земјата, и подложете ја на себе.“ Бракот меѓу крстените, Исус го издингал на ниво на Света тајна, велејќи: „Она што Бог ќе го поврзе, човек нека не го раздвојува.“ 

Со Светата тајна брак се доделува родителска власт и милост, за во име на Бога сопружниците да ги одгледуваат своите деца. Таинствената брачна врска трае до смртта на мажот или на жената. Светата тајна брак е неразрешлива, единсвтено може да се прогласи за неважечка од страна на црковната власт. 

Бракот е договор меѓу двајца луѓе од различен пол, насочен кон заеднички живот, телесно соединување и подигнување на децата. Затоа, Католичката црква смета дека бракот е поставен од Бога со самото создавање на човекот, како важна институција во неговиот наум. Затоа бракот треба да биде еден (меѓу еден маж и една жена) и не би требало да се разрешува во било каков случај. Едност и неразрешливост се значајни својства на бракот. 

 

САКАТЕ ДА СЕ ВЕНЧАТЕ ВО ЦРКВА?

• вереникот и вереницата требаат сами и слободно да одлучат за венчавката;

• потребно е да се информира парохискиот свештеник најмалку 6 месеци пред венчавката; 

• да се донесе Извод од матична книга на родените не постар од 6 месеци;

• Да се донесе Крстен лист не постар од 6 месеци. За православна страна потребно е кај нас, еден од родителите да потпише изјава за слободнниот статус т.е. доказ дека до сега не сте склопиле црковен брак. 

• потребно е да се посетува веренички курс и да се донесе потврда; 

од матичарот треба да се донесе потврда за склопување на цивилен брак:

• сите останати информации поврзани со венчавкара (декорација на црквата, свирење, пеење и друго- можете да добиете во парохиската канцеларија. 

 

Доколку се одлучите за венчавка во нашата парохија и откако сте ги собрале сите потребни документи, јавете ни се за средба со цел да ја започнеме процедурата за склопување на брак.