Капелата на Безгрешното зачнување на блажена Дева Марија во Велес е сместена во една куќа која е купена пред почетокот на Втората светска војна. Куќата ја купил тогашниот скопски бискуп монс. Смиљан Чекада. Католичката заедница во Велес е многу мала, но и покрај својата големина е сепак драгоцена.
Во велешката капела се слави Св. Миса секоја прва недела во месецот во 17 часот во зимско време, а во летно време во 18 часот. Капелата се наоѓа на следната адреса:
ул. Лазов Осмаков бр. 4 - Велес