
Латинскиот збор caritas значи љубов која ја дава Бог. Божјата љубов е секогаш на дело, насочена е за добробитта на општеството и ближниот. Во таа смисла парохискиот Каритас е пасторално тело на парохиската заедница чија задача е да анимира, координира и да ја сведочи таа делотворна љубов. Парохискиот Каритас е третата гранка во пасторалното работење, покрај катехезата и литургијата, која ѝ помага на Црквата и на нејзините членови да живеат љубовта. Редовните активности на Каритас се состојат во:

- Организирање на Божиќен саем чии средства се наменети за сиромашните семејства во нашата парохија;
- Редовни посети на старите и болните лица од страна на членовите и волонтерите на Каритас;
- „Раце кои носат надеж“ проект во реализација, со духовна, социјална и медицинска димензија и грижа;
- Организирање на волонтери по повод поклонението на ромите за прославата на Голема Богородица;
- Организирање на средби за Светскиот ден на болните и старите лица на празникот Богородица Лурдска на 11 февруари;
- Учество во проектите организирани од страна на Националната канцеларија на Каритас.