Скопскиот парох дон Паво Шеќерија се збогува со своите парохијани

Во неделата на 4 септември 2022, по двегодишната служба во Скопската парохија, дон Паво Шеќерија се збогува од своите парохијани. Му благодариме за неговата пожртвуваност и великодушното служење во Скопје, Битола и Прилеп како и во Македонскиот Каритас!

Распоред на Свети миси за празникот Голема Богородица

За празникот Вознесение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) Светите миси ќе се служат според следниот распоред:

06 часот Капела „Свети Јосиф“ на Бит Пазар

10:30 Катедрала

18 часот процесија со статуата на Богородица и свечена Света миса која ќе ја предводи НВП монс. д-р Киро Стојанов

Information about English Mass

On Sunday, June 19, 2022, in the Cathedral at 10.30 am, the Mass will be led by Archbishop Mons. Richard Gallagher, Secretary of State for Relations with the Vatican, with concelebration by Mons. Kire Stojanov, Bishop of Skopje and Strumica Diocese of Skopje and priests from the both dioceses. Therefore, there will be no English Mass on June 19 at 12 noon.

Промоција на монографијата „Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск”

На 5 мај 2022 година, во пресрет на третата годишнина од историската посета на папата Франциск на Македонија се одржа промоција на монографијата за посетата на папата Франциск во Скопје насловена „Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск” и на Зборникот трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата”. Бискупот Киро Стојанов повика внимателно да ги чуваме овие историски сведоштва за и самите да бидеме сведоци на верата. Изрази благодарност на издавачите на овие капитални дела : Богословскиот факултет во Сараево и Комисијата за односи црквите, верските заедници и религиозни групи во Македонија; и благодарност до сите промотори. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски во обраќањето истакна дека промовираме трајни сведоштва за традицијата, култура, духовното наследство на Македонија на кои Македонија како мала држава може да ја потпре својата иднина. Миленко Крешиќ, професорот по црковна историја на Католичкиот богословски факултет во Сараево, воедно и уредник на Зборникот трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата”, информираше дека Зборникот содржи материјали досега непознати на јавноста и е почеток и основа за натамошни истражувања за положбата, организацијата, личностите од Христовата црква во Македонија. Дадени се осврти на случувањата, јавните дејци и народите водачи низ историјата на овие простори. Виктор Димовски, како претседавач на Координативното тело за подготовката на историската посета на Папата на Македонија на 7. мај 2019., даде преглед на историските придобивки од посетата во време на интеграција на Македонија и е стимул за граѓаните од сите верски и етнички заедници. Неоспорен е придонесот за засилување на внатрешната кохезија и стимул за заедничкото живеење во Македонија. Директен е придонесот од Посетата кон унапредување на регионалниот и светскиот мир и представува признание за улогата на македонскиот народ и држава во овие процеси. Монографијата е сведоштво за ова. Надбискупот врхбосански во пензија, кардиналот Винко Пуљиќ ја истакна важноста трајно да се забележат фактите и доживувањата со збор и слика за подлабоко да се разберат случувањата. Папата Фрањо, кој за католиците представува наследник на Свети Петар и Христов Намесник на земјата, ни порача дека како Македонија сме дел на големо семејство според Исусовата молитва “сите да бидеме Едно”. Светиот Отец подтикна да продолжиме да го негуваме братството и соживотот во мултиетничка и мултирелигиска земја и Македонија да биде светилник на мирот и интеграциите на културите, верите и луѓето. Католичката црква во Македонија “дише со двете белодробни крила” низ источниот и западниот обред. Посебно и порача на младите да сонуваат големи соништа и да бидат решителни по примерот на Светата Мајка Тереза, која целиот свет ја нарекува Мајка. Ѓорге Иванов, поранешниот Претседател на Македонија, оцени дека доаѓањето на Светиот Отец во Скопје е резултат на 25 години односи на државата со Светиот Престол преку културни, образовни и дипломатски односи како и на односите градени со векови. Истовремено тоа беше и посета на родниот град на света Мајка Тереза. Географска одредница на тие милениумски односи е патот Via Ignatia по кој низ Македонија римските војски го освојуваа Истокот но и патот по кој Јудео-христијанството го освои Рим и Европа низ дејноста на апостолот Павле, светиот Еразмо, бројни епископи од Македонија и многу други историски записи спомнати во Зборникот. Римскиот папа Никола I (858-867), пренесувајќи го официјалниот став на Римокатоличката црква во поглед на приматот на христијанските цркви во Источната и Западната екумена уште во далечната 859 година изјавил: “Римската курија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли, како што се – македонската, римската, антиохиската и александриската црква. И покрај тоа што црковните големодостојници на цариградската и ерусалимската црква се нарекуваат патријарси, сепак, тие немаат такво значење, бидејќи не се уредени од апостоли”. Впечатливи се пораките на Папата да се грижиме за духовниот идентитет на луѓето кој извира од верата во Исус Христос бидејќи само духовно променети луѓе можат да го променат духот на општеството со загрижувачки тренд да се ограничи верата, а на Црквата сѐ повеќе гледа како застарена институција. Во длабоката морална криза се обезвреднуваат фундаменталните човечки слободи, бракот како заедница на маж и жена, дезинтеграција на семејството. Сѐ до тврдењето дека нема апсолутна вистина, а без вистината нема ни одговорност врз што се темели општеството. Папата нѐ подсети дека Црквата треба да биде столб на евангелската Вистина втемелена на вистинската лоза – Исус Христос.